ХепатоСлим капсули
Капсули

ХепатоСлим капсули

zig zag
435 ден

ХепатоСлим е додаток на исхрана со екстракт од плод од млечен трн, ризом од куркума и плод од црн бибер, збогатен со холин и хром. Наменет за зачувување на здравјето на црниот дроб.

  • Балансирање на функцијата на црниот дроб
  • Обновување на клетките на црниот дроб
  • Елиминирање на токсични материи од организмот
  • Одржување на оптимална телесна тежина
  • Опис
  • Начин на употреба
  • Медиа

Да не се надминува препорачаната дневна доза. Додатоците на исхрана не треба да се употребуваат како замена за разновидна и избалансирана исхрана.

ХепатоСлим е додаток на исхрана со екстракт од плод од млечен трн, ризом од куркума и плод од црн бибер, збогатен со холин и хром. Наменет за зачувување на здравјето на црниот дроб.

  • Балансирање на функцијата на црниот дроб
  • Обновување на клетките на црниот дроб
  • Елиминирање на токсични материи од организмот
  • Одржување на оптимална телесна тежина

Холинот придонесува за одржување на нормална функција на црниот дроб, нормален метаболизам на хомоцистеин и масти.

Плодот од млечен трн го поддржува здравјето на црниот дроб, придонесува за заштита на клетките на црниот дроб од штетно дејство на слободните радикали и заштита на клетките од оксидативен стрес. Млечниот трн придонесува за нормален потенцијал на детоксикација на црниот дроб, помага во одржување на функцијата на црниот дроб и дополнително го поддржува нормалното варење на храната и прочистување на телото.

Екстрактот од куркума има благопријатен ефект во одржување на здравјето на црниот дроб, го спречува таложењето на мастите и го олеснува нивното елиминирање од страна на црниот дроб.

Екстрактот од црн бибер помага во одржување и контрола на телесната тежина, има антиоксидантно дејство, помага во одржување на дигестивната функција, го поддржува апетитот, варењето и апсорпцијата на хранливи материи.

Хромот придонесува за нормален метаболизам на макро хранливите материи и одржување на нормално ниво на гликоза во крвта.

Состав:

холин битартарат, сув екстракт од плод на млечен трн, желатин (капсула), сув екстракт од ризом на куркума, микрокристална целулоза (средство за зголемување на волумен), сув екстракт од плод на црн бибер, магнезиумови соли на масни киселини (средство против слепување), хром (III)-хлорид, жолт железо-оксид (боја).

Состав во дневна доза (2 капсули): сув екстракт од млечен трн (Silybum marianum, Asteraceae, DER 5:1, етанол-вода; содржи 10-12% силимарин, изразено како силибинин) 300 mg; холин (во облик на холин-битартарат) 165 mg; сув екстракт од ризом на куркума (Curcuma longa, Zingiberaceae, DER 64-66:1, етилацетат; содржи 95% куркуминоиди) 60 mg; сув екстракт од плод од црн бибер (Piper nigrum, Piperaceae, DER 50:1, етанол-вода; содржи 95% пиперин) 10 mg; хром (во облик на хром(III)-хлорид) 40 µg (100% NRV* нутритивна референтна вредност за возрасни)

Пакување: 30 капсули

Нето количина: 15,3 g ℮

Препорачана употреба: два пати на ден по една капсула.

Забелешка: Да не се надминува препорачаната дневна доза. Додатоците на исхрана не треба да се употребуваат како замена за разновидна и избалансирана исхрана.

Посебни предупредувања:

Производот не треба да го користат лица преосетливи на некоја од состојките на производот, посебно на состојките од фамилијата Asteraceae.

Производот не се препорачува за лица помлади од 18 години, трудници и доилки. Производот не се препорачува кај лица со ендометриоза, со дијагноза на циста на јајниците или кај лица со декомпензирана цироза на црн дроб. Потребно е посебно внимание кај лица со дијабет или кај лица со намалено ниво на шеќерот во крв.

Производот може да има влијание на дејството на лекови за контрацепција, како и на некои лекови (метронидазол).

Начин на чување: да се чува во оригинално пакување, на собна температура (25 °C), на суво и темно место, заштитено од дофат на деца.