Аскорвита макс обложени таблети
Таблети

Аскорвита макс обложени таблети

zig zag
446 ден

Диететски производ, храна за посебни медицински намени со Витамини Ц и Д и цинк, наменета за потребите на исхрана кај лица со ослабен имунитет и одржување на здравјето и функцијата на имунолошкиот систем, мускулите, коските и зглобовите. За диететско регулирање кај лица со остеопенија, остеопороза, автоимуни, кардиоваскуларни, малигни болести и други состојби и болести кај кои е неопходен надомест на витамин Д.
Таблета со модифициран систем на ослободување -MRS™, овозможува ослободување на Витаминот Ц во тек на подолг временски период.

  • Опис
  • Начин на употреба
  • Медиа

Препорачаната дневна доза не смее да се надмине. Производот е нутритивно непотполна намирница и не e погодна за употреба како единствен извор на храна за лицата за кои е наменет.
Производот Аскорвита Макс e диететски производ, храна за посебни медицински намени со Витамин Ц 1000 mg, Витамин Д 50 µg (2000 UI) и Цинк 10 mg, наменет за потребите на исхрана кај лица со ослабен имунитет и одржување на здравјето и функцијата на имунолошкиот систем, мускулите, коските и зглобовите. За диететско регулирање кај лица со остеопенија, остеопороза, автоимуни, кардиоваскуларни, малигни болести и други состојби и болести кај кои е неопходен надомест на витамин Д.
Таблета со модифициран систем на ослободување -MRS™, овозможува ослободување на Витаминот Ц во тек на подолг временски период.
Таблетите се состојат од два слоја

Првиот слој на таблетата го карактеризира брзото ослободување на Витаминот Ц. Вториот слој се карактеризира со постепено ослободување на Витаминот Ц.

Благодарение на ова, концентрацијата на Витаминот Ц во организмот останува стабилна повеќе часа.

Состојки: L-аскорбинска киселина, микрокристална целулоза (средство за зголемување на волумен), хидроксипропил-метилцелулоза (згуснувач), холекалциферол, цинк-оксид, магнезиум стеарат (средство против згрутчување), рибофлавин (боја)

*NRV-нутритивна референтна вредност (препорачан дневен внес)

 

Пакување: 30 обложени таблети MRS™.

Нето тежина: 41,6 g ℮

Употреба: Возрасни и стари лица: да испијат 1 таблета на ден, со доволно вода.
Напомени: Производот мора да се користи под медицински надзор.
Производот е нутритивно непотполна намирница и не e погодна за употреба како единствен извор на храна за лицата за кои е наменет.

Предупредувања: Препорачаната дневна доза не смее да се надмине. Производот не треба да го земаат лица преосетливи на некој од состојките на производот! Производот не е наменет за бремени жени, доилки и лица помлади од 18 години. Не се препорачува кај лица со хиперкалцемија и хиперпаратиреодизам. Мерки на претпазливост и совет со лекар се потребни кај лица кои користат тиазиди, кардиотонични гликозиди, рифампицин, изониазид, фенитоин барбитурати. Истовремена употреба на кортикостероиди и Аскорвита Макс може да го намали дејството на кортикостероидите. Производот не е наменет за парентералн употреба.
Диететска храна за посебни медицински намени не смее да се користи како замена за разновидна исхрана. Прекумерната употреба може да предизвика несакани ефекти и треба да се побара консултација со лекар. Производот треба да се употребува под надзор од лекар.
Начин на чување: Да се чува во оригиналното пакување, заштитено од светлост и влага на температура до 25°C. Да се чува подалеку од дофат на деца.